|
Совришено вклопен во срцето на градот, ресторанот ДМФ ја открива тајната зошто ДФ корпорацијата стана синоним за успех, висок угостителски стандард, љубезна услуга и опуштена атмосфера. Вистински бисер во низата на ДФ пицерии и ресторани ширум земјата, овој ресторан е омилен меѓу домашните и странските гости заради својата единствена комбинација на македонскиот дух и и италијанското кулинарско мајсторство. Без оглед дали ќе наминете на едно кафе на летната тераса или ќе уживате во свечена вечера со пријателите на едно од трите нивоа на ресторанот, нашите искусни готвачи и љубезниот персонал ќе бидат пресреќни да ви се стават на располагање.
Во случај пиците и италијанските специјалитети да не спаѓаат во вашите омилцни јадења, можете да изберете меѓу бројните вкусови на европската или автентичната македонска кујна. Се разбира, тука е и широкиот избор на најдобри домашни и увозни вина и пијалоци спород вашите желби и расположение.
|