|
Во склоп на својот познат ресторан, на првиот кат, ДФ Корпорацијата од неодамна воведе нова содржина - хотелско преноќиште. ДМФ Хотелот нуди вкусно уредени соби и апартмани со поглед на градскиот плоштад. Сите соби се климатизирани и опремени со најсовремените потребности и тоа: сателитска ТВ, аудио систем, компјутер со интернет приклучок, факс-машина, џакузи бања
(во апартман) и сл., како и можност за нарачки од ресторанот.
Благодарејќи на својата централна местоположба среде пешачката зона, ДМФ Хотелот е тивка оаза во пулсирачкото срце на градот.
Ќе ни биде задоволство да се чувствувате како дома.
|